Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јуни 2020
Со отворањето на границите од петок, 26-ти јуни, започнаа да сообраќаат и меѓународните автобуски линии. Од Велес, за почеток почнуваат да возат две автобуски врски до Виена и до Белград .
Сабота навечер во 21ч. почнува да вози „Евро-бус“ до Виена - Австрија а од недела од 19,50 „Галеб“ секој ден за Белград -Србија. Почнаа да сообраќаа и автобусите за и од Берово со што се покрени сите линии во земјава - информираа од Автобуската станица Велес.
Автобусот за Виена сообраќа само во сабота, тргнува во 21ч. а таму е во 12ч. недела, додека кон Велес поаѓа во четврток во 18ч. а тука е во 9 ч. петок.
Автобусот до Белград тргнува од автобуската во Велес во 19,50 ч. таму cтигнува околу 5ч. Hазад до Белград за Велес тргнува во 21,30ч а стигнува околу 6 ч.
Tweet |