речник контакт

Од Светата вода кај Штипска петља, се разболеа од жолтица

Годинава имало 8 болни, моментално 3, што е далеку од алармантно

Петар Печков

Во Велес 99-тата имало 94 случаи а  последните години се намалува бројот на заболени од жолтица во велешко. Дури последните две и немало регистрирано хепатитис А во Центарот за  јавно здравје. Но годинава се случува да има одреден број на лица кои заболеле а моментално во Заразното одделение во Велешката болница има 3 болни.

  За 8 месеци имаме регистрирано 8 случаи на заразна жолтица. Бројни велешани работат или патуваат во други градови, каде има заразна жолтица и таа се пренела и во градот. Ова бројка не е загрижувачка, но може да се очекува да  се зголеми, вообичаено во есен тоа  се случува. Меѓу заболените четири се деца а другите четворица се студент, менаџер во фирма и слично. Сите годинешни случаи се во различни месеци, така што нема индиции за нешто посериозно. Има огромен број нерегистрирани, случаи на заразени од жолтица кои минуваат без симптоми. Тие се значајни оти учествуваат во пренесувањето на болеста – рече д-р  Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Досега има регистрирано само еден пациент дете ученик. Мерките на  превентива се едноставни, лична и колективна хигиена. Често миење на раце, однесување во секојдневен живот,контакти,  внимание на исхрана, пиење вода од градски водовод. Има регистрирано случај на заразна жолтица на жена која пиела вода од чешмата Света вода на излезот од Велес, кон Штип по што се разболела.        

Пијте вода од градски водовод, за неа можеме да гарантираме. Таа е единствено здрава и исправна за пиење. Не можеме да гарантираме сигурност за пумпите по дворовите, за маалските чешми – порача директорката д-р Флорентина Шурбевска  Ристовска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »