Петар Печков
Објавено: петок, 04 јули 2014
Од летово Фондот за здравство започнува со нов проект, дежурство на матичните лекари, кој се проширува надвор од Скопје. Од почетокот на август во 15 градови во земјава ќе се воведе вакво дежурство а набргу, за неколку денови и во туристичките места во Македонија.
Најскоро во Охрид, Струга и Гевгелија, се однесува на Дојран, ќе започнат со дежурство матичните лекари. Овие се три летни дестинации, каде има голем број туристи и летувачи. Затоа тука прво, по Скопје, ќе започне да функционира оваа новина. Од август ќе продолжи во останатите 12 градови, на граѓаните ќе им обезбедиме континуирана здравствена заштита – најави Маја Парнаџиева Змејкова директор на Фондот за здравство.
При овие дежурства, матичните доктори од примарното здравство ќе работат во просторите на Здравствените домови, со работно време сабота навечер до 19,30 часот. Потоа нивната работа до понеделник наутро ќе ја преземат докторите од Итната служба.
Ова доаѓа по позитивните искуства од Скопје, каде дежурства на матичните лекари се присутни неколку месеци. Матичните лекари и претставници на ФЗО на одржаната средба во Велес ги оценија и превентивните прегледи, воведени од почетокот на годинава, како високо успешни.
Тие придонеле кај одреден број пациенти навремено да биде откриен развој на сериозни заболувања а прегледите даваат надеж за спречување на одредени тешки болести. Ваквите заболувања кај пациентите биле лоцирани кај кардиоваскуларниот систем, невролошките заболувања и нивото на шеќер во крвта.
Tweet |