Петар Печков
Објавено: петок, 28 март 2014
Балетското студио Анабела ги предаде во употреба надгледните средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ Блаже Конески. Тие беа собрани од хуманитарен концерт одржан при крајот на минатата година. Овие дидактички средства ќе ги користат учениците кои се вклучени во редовна настава, што е новина која се спроведува од минатата година.
По затворањето на Пионерскиот дом, ОУ Блаже Конески е наш дом десет дони. Тука работиме и затоа чувствувавме потреба на овој начин да им помогнеме на учениците кои се со посебни потреби а учат тука. Овој кабинет е новина во училиштето и затоа го сторивме ова, во соработка со родителите на децата до Анабела – рече Цеца Пајдакова раководител на балетското студио Анабела.
Тоа има стотина членови на возраст од 3 до 12 години. Ова е нивна четврта донација изминатите години. За петте ученици доаѓа два пати неделно дефектолог Весна Басарова од Посебното Основно училиште Маца Овчарова, кое со нив работи од минатата есен. Тие работата по посебни работни планови.
Tweet |