Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2026
Вчера, среда напладне возрасен велешанец пријавил дека бил ограбен од дома за 100 илјади денари. Сторителот, засега непознато лице, влегло дома и насилно ги земал парите, претходно ветувајќи да му продаде скапоцен кујнски прибор. Деталите од информацијата на велешакта полиција.
„На 8 јули во 13:40 часот во СВР Велес, 78-годишен велешанец пријавил дека едно лице му одзело 100.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло пред неговиот дом, се претставило како странец и му понудило да му остави кујнски прибор бидејќи веќе имал извадено авионски билет и не можел да го носи со себе. Притоа го уверувал дека предметите имале голема вредност, но дека нему ќе му ги подарел. Пријавителот му понудил да му даде извесна сума за предметите и кога влегол во домот, лицето влегло по него и му ги одзело парите, по што со возило го напуштило местото на настанот“ - соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол ан СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.
фото интернет
| Tweet |




