речник контакт

Од велешките улици изчезнаа продавачите на семки

Од велешките улици изчезнаа продавачите на семки, кои со години на минувачите им продаваа сончоглед и кикиритки.

Петар Печков

Од велешките улици изчезнаа продавачите на семки, кои со години на минувачите им продаваа сончоглед и кикиритки. Тие објаснуваат дека причина за ова се засилените контроли и Законот за јавна чистота.

- Од нас што продававме по чаршијата, инспекторите бараат да отвориме дуќан. Тоа е невозможно бидејќи за такво нешто треба многу пари а ние со ова крпевме ден за ден. Грешат ако мислат дека со тутурка семки од 10 денари можеме да ги платиме давачките – велат велешките семкари, кои поради воа се повлекоа од улица.

Нивните колеги кои продаваа пред спортските сали во градот пак се жалат дека повеќе немаат промет како порано, откако започна да се казнува за фрлање смет на јавна површина. По десетината изречени казни од по 50 евра во спортските сали, граѓаните се откажаа од купувањето иако продвачите нудеа и по едно празно хартиено кесе, каде да се фрлаат лушпите. Но ова не мина кај гледачите, кои масовно се откажаа од задоволството на спротските натпревари да грицкаат семки, и така да ја совладуваат нервозата од развојот на настаните на натпреварите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »