речник контакт

Од вечерва на редовен репертоар на велешки театар е претставата на Дарио Фо „Не можеме да платиме, нема да платиме“, сите претстави месецов се распродадени

Режијата е на Елеонора Теова, драаматург Катерина Момева

Петар Печков

Од вечерва, петок, на репертоарот на велешки театар е претставата „Не можеме да платиме, нема да платиме“  од Дарио Фо во режија на Елеонора Теова а во драмска обработка на Катерина Момева . Таа имаше затворена премиера на почетокот од декември, се игра на малата сцена на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. 

„Драмата Не можеме да платиме, нема да платиме е една од најострите и најживи сатирични комедии на Дарио Фо, во која хуморот не служи како бегство од реалноста, туку како нејзино безмилосно огледало. Преку фарса, гротеска и апсурд, Фо отвора сериозни прашања за економската неправда, класната нееднаквост и лицемерието на институциите во современото општество“ – соопштија од театарот .

Во центарот на драмата се обичните луѓе работници, жени, семејства, притиснати од енормно зголемување на цените и невозможноста да преживеат со чесна работа. Спонтаната „побуна“ на жените кои одбиваат да платат во супермаркетот не е организиран револуционерен чин, туку акт на очај и инстинкт за опстанок. 

„Комичното во драмата произлегува од постојана замена на идентитети, лаги што се наталожуваат една врз друга и апсурдни ситуации што ескалираат до крајни граници. Но зад смеата постои горчлива вистина – законот не е неутрален, моралот е селективен, а „редот“ секогаш се брани на грбот на најслабите. Фо намерно ги карикира претставниците на власта, полицијата и „разумот“, правејќи ги смешни, механички и слепи за човечката беда. Особено значајна е улогата на женските ликови, кои од пасивни сопруги се трансформираат во двигатели на дејството. Нивната лага не е злонамерна, туку заштитна, а нивниот хумор – оружје против стравот. Така драмата станува и текст за еманципација, во кој приватното и политичкото се неразделни“ – кажа режисерката Теова. 

Не можеме да платиме, нема да платиме останува актуелна и денес, бидејќи зборува за систем кој постојано произведува кризи, додека од поединецот бара послушност и трпение. Со брз ритам, остри дијалози и комика што боли, театар што нè тера да се смееме, а потоа да се запрашаме: кој навистина ја плаќа цената?

Bo претставата играат: Фаик Мефаиловски, Кире Ацевски, Благојчо Стојановски, Талија Настова и Сандра Танчева.  Сценографијата е на  Филип Коруновски а костимограф Катерина Чукниева.

Сите три претстави на  овој месец, вечерва петок, утре сабота и на 18 среда се распродадени.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »