речник контакт

Од вселенска станица до интернет ѕвезда

Канадскиот астронаут кој се прослави со обработката на хитот на Дејвид Боуви Space Oddits и други видео прилози и живи настапи од Меѓународната вселенска станица ММС, во вторникот слета безбедно на Земјата заедно со двајца колеги.

Петар Печков

Вселенската капсула Сојуз која ги носеше тројцата припадници на екипажот од пет месечната мисија од Меѓународната вселенска станица, во вторникот слета безбедно во степите на Казахстан.

Канадскиот astroнаут Крис Хедфилд, американскиот Томас Маршбурн и рускиот Роман Романенко слетаа според планот југоисточно од градот Џесказган во 08:30 наутро по локално време во вторникот.

Капсулата Сојуз ТМА 07 М бавно слета со отварање на падобран над степите под ведро и сончево небо. Руските хеликоптери за трагање и итна помош набрзо го надлетаа местото на слетувањето на капсулата.

Спасувачките тимови помогнаа на екипажот со нивните гломазни вселенски одела да излезат низ тесниот отвор на капсулата. Ставени во подвижни колички за да почната да се привикнуваат на земјината гравитација по 146 дена во вселената. Тројцата астронаути се смееја додека разговараа со претставници на вселенската агенција и докторите кои ја проверуваа нивната состојба.

Хедфилд (53) кој служел како командант на вселенската станица, покажа со рака дека се е во ред и потоа имаше кус телефонски разговор со семејството и пријателите.

Овој инжинер и поранешен тест пилот од Милтон Онтарио е прв канадски професионален астронаут кој живеел на вселенската станица и прв Канаѓанец кој бил задолжен за вселенското летало. На пошироката јавност стана познат по поставувањето на музичкиот видео спот на ЈуТјуб во кој ја пее песната Space Oddits од Дејвид Боуви.

- Со почит кон генијот Дејвид Боуви, еве ја Space Oddits снимана на Станицата. Последниот поглед на светот, напиша Хедфилд преку Твитер.

Се верува дека тоа е прво музичко видео снимено во вселената. Хедфилд често пее во орбитата, користејќи гитара која постои во бродскиот комплекс, а дури учествувал и во жив концерт во февруари со канадскиот бенд Баренакед Ладиес и омилениот хор.

- Тоа екстремно ме исполни и беше неверојатно искуство до крај – рече Хадфелд на контролата на мисијата во понеделникот. – Од овој Канаѓанец до остатокот од тимот, ви изразувам енормна благодарност.

Пет минутното видео поставено во неделата привлече и поздрави од официјалната фејсбук страна на Боуви: - Веројатно се работи за најдобрата верзија на песната која некогаш сум ја слушнал.

Снимката доживеа огромен успех на ЈуТјуб, за само два дена имаше над 5,5 милиони прегледи, правејќи го Хедфилд планетарна ѕвезда. Користејќи ја моќта на социјалните мрежи, поефикасно од кој било  астронаут пред него, Хедфилд стана еден од најпознатите астронаути на сите времиња од Нил Амстронг и Баз Олдрин.

Твитувајќи под прекарот Cmdr_Hadfield, инспириран од научнофантастичната серија Ѕвездени патеки, канадскиот астронаут испрати спектакуларни снимки на Земјата видени од вселената и дозволи на светот да запознае некои аспекти од животот на ММС, како што е исхраната и перењето алишта во безтежинска состојба.

Роден во 1959 година на фарма во југоисточната канадска провинција Онтарио, Хедфилд бил пилот на военото воздухопловство пред да биде избран за еден од четворицата нови канадски астронаути, меѓу 5000 кандидати во 1992 година. Ова било негова трета мисија во вселената.

На првата мисија бил во 1995 година на поранешната руска орбитална станица Мир, а на втората на МСС во април во 2001 година. Во официјалната биографија на Хедфилд, која ја објави Канадската вселенска агенција, наброени се сите полиња на интерес на овој необичен астронаут, кој покрај истражувањето на вселенските пространства сака да скија, свири гитара, пее, јава, пишува, трча и игра одбојка и сквош.

Мисијата на Хедфилд, Маршбурн и Романенко, која почна пред 146 дена, беше 33. експедиција на космонаути на Меѓународната вселенска станица вредна 100 милијарди долари. Нивната замена треба да полета од казахстанскиот космодром Бајконур на 28 мај. До тогаш руските астронаути Павел Виноградос и Александер Мисуркин заедно со Кристофер Кесиди, колега од НАСА, ќе одржуваат минимален режим на работата на Станицата

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »