речник контакт

Од вторник, стоматолозите со една дежурна ординација, за итни случаи

Во Велес пунктот кој ќе работи се наоѓа во Центарот за Јавно здравје (Хигиенски) во Детска и превентивна стоматологија

Петар Печков

Од утре се затвораат стоматолошките клиники и ординации во Македонија, меѓу нив и тие во Велес и соседните општини Градско и Чашка. Причина е опасноста од корона вирусот. На територијата на велешко  ќе има дежурна една ординација.  Во Велес со дежурства се почнува од вторник.

Пунктот кој ќе работи се наоѓа во Центарот за  Јавно здравје (Хигиенски) во Детска и превентивна стоматологија  во  и ќе работи во период од 8 до 20 ч. со тоа што првата смена е до 14 ч а втората продолжува со работа веднаш. Ќе се работи од понеделник до петок - изјави за ТрМр стоматолог д-р Трајан Николов претседател на регионален одбор на стоматолозите за Велес, Чашка и Градско при Стоматолошка комора на РСМ. Тој појасни како ќе функционира работата на стоматолозите.

Пациентите ако имаат проблеми се јавуваат телефонски  кај матичниот стоматолог , кој врши проценка дали е итен случај и закажува мој термин кај дежурната служба - дополни д-р Николов.  

Како итни стоматолошки услуги Стоматолошката комора ги прецизира:  силна постојана забоболка која не поминува ниту со лекови, акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отворање на уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат повеќе денови како и скршеници на заби и вилици. 

Вакви дежурни  служби ќе има во Скопје три и по една во Охрид, Струга, Гостивар, Липково, Битола, Прилеп, Неготино, Виница, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Пехчево и Куманово. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »