Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 април 2021
Од вторник 6-ти април, стапува на сила полициски час од 20 часот до 5 часот, кој ќе трае до 20 април, соопшти премиерот Зоран Заев.
Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки. Бројот на новозараени расте. Бројот на починати расте. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога треба да ги пресретниме новите влошувања, рече Заев.
Од вторник се воведува забрана за посетители гости во сите угостителски објекти, како и во угостителски објекти во хотели, мотели и на бензински станици. Оние кои вршат подготвка на храна, може да ја доставуваат преку онлајн или телефонски нарачки.
Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, и се забрануваат семинари, конференции.
„Најновите тенденции кои ни се презентираа од епидемиолозите се дека британскиот сој на ковид-19 го зема својот замав“, рече Заев.
Tweet |