речник контакт

Од ден во ден се поголем број на пациенти ковид позитивни во Велес

Се повеќе и хоспитaлизирани ковид случаи на Инфeктивно оддeлениe, но не саде од Велeс, ги има и од други градови

Петар Печков

Од ден во ден се поголем е бројот на позитивни случаи со ковид -19 во велешко. Изминатото деноноќие во Велес и велешко регистирани се 27 нови случаи со ковид-19 а оздравени се 23 пациенти. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи со ковид 19 во велешко е 139 лица.

И бројот на згрижени пациенти во Велешка Болница, Инфективно одделение се зголемува. Вкупно се хоспитализрани 15, потврдено позитивни се 11, по двајца се непотврдени и исто толку негативни но со продолжено болничко лекување. Во текот на вчерашниот ден се примени три нови пациенти. На кислордна поддршка е еден пациент.На Инфективното одделение имало еден ковид пациент, кој е позитивен и е префрлен на Инфективно.

Од 15 хоспитализирани пациенти, девет се од Велес, по двајца од Кавадарци и Неготино и по еден од Скопје и Свети Николе.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »