Петар Печков
Објавено: среда, 21 април 2021
Заврши вакцинација за заштита до ковид-19, за лица над 76 години од велешко, која се одвиваше во вакциналниот пункт на Здравствен дом Велес. Во периодот од 31-и март до 20-ти април, во период од 15 работни дена вакцинирани се 824 лица, кои се пријавиле преку „Мој термин“ и матичен доктор. Сите тие се вакцинирани со „АстраЗенека“.
„Откако граѓаните од оваа возрасна група увидоа дека не се јави ниту еден здравствен проблем кај вакцинираните, интересот се зголемуваше од ден во ден. Така што последните денови имаше дури и барања за нови термини, но веќе се беше искористено и пополнето. За илустрација меѓу вакцинираните, тие што дојдоа во ппри крај имавме две жени на 95 и 94 години, имаше други лица на 92 години“ - кажа д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес.
Засега тие немаат информација кога ќе продолжи вакцинирањето во Велес, со која вакцина, освен што веќе се најавени овие 824 лица, со втора доза вакцина, со термини во јуни и јули.
Tweet |