речник контакт

Од денес, 1-ви септември двосменска работа во неколку држави институции

Работното време е од 7 до 21,30 часот, ќе се работи и првата сабота во месецот од 8 до 16ч.

Петар Печков

УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Детските градинки,  Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Како што беше најавено, овие реформи со флексибилно работно време Владата ги спроведува со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, односно овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се приспособат на работното време на градинките и училишните установи.

Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа, со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.

И Судскиот совет на Република Македонија и Јавното обвинителство донесеа одлука за утврдување на работното време во судовите во Република Македонија. Новото работно време на судовите и обвинителствата е од 7:30 часот до 15:30 часот , ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември.

 Од Министерството за т руд и социјала најавија дека градинките ќе работат  и втора смена доколку има  и едно дете чии родители бараат да  биде згрижено.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »