Петар Печков
Објавено: вторник, 10 ноември 2020
Од денес, вторник започна вакцинацијата против сезонски грип, во неколку македонски града, меѓу нив и во Велес, соопшти Министерството за здравство. Вакцинирањето започна и во Кавадарци и во Неготино.
За разлика од претходните години кога без исклучок се вршеше во Центарот за јавно здравје, годинава локацијата е променета, вакцинацијата се врши во Здравствен дом. Причина е да се избегне Центарот за јавно здравје, поради ковид-19 состојбата.
Вакцинација ќе се извршува во една смeна, претпладне, во специјално одредена просторија а ја вршат доктори од службата за имунизација. Се вакцинираат лица преку „Мој термин“ и вакцинацијата е бесплатна, за хронично болните, децата до пет години, здравствените работници, бремените жени - кажа Николче Димовски директор на Здравствен дом Велес.
Пациентите од овие ранливи категории, кои можат да се вакцинираат бесплатно треба да се обратат до матичните лекари, кои ќе им закажат термин за вакцинација против сезонски грип.
Оваа година, Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање набави 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона.
Од Министерството за здравство соопштија дека Центрите за јавно здравје од сопствениот буџет набавуваат вакцини за комерцијална употреба, кои исто така веќе од денеска се достапни за граѓаните.
За жал и покрај настојувањата, директорката Анастасија Иванова да даде информација, колку вакцини се обезбедени, во кој термин може да се вакцинираат граѓаните, таа не одговори ниту на повиците ниту на поставените прашања. Цената на оваа вакцината е 800 денари.
Tweet |