речник контакт

Од денес, петок тргна градскиот превоз до Езеро Младост и назад

Превозот е бесплатен и ќе сообраќа до крајот на август

Петар Печков

Од денес, петок  започна да сообраќа, градскиот превоз до езеро Младост и назад. него го организира локалната власт, по спроведената јавна анкета на електронските медиуми во градот.  Резултатите покажале голема заинтересираност за користење на бесплатен превоз до езерото „Младост” во летниот период.

„Автобусот ќе сообраќа секој ден во периодот од 30 јули до 31 август 2021 година. На почетокот автобускиот превоз ќе биде организиран во соработка со компанијата  „Пан Промет” а понатаму патниците ќе бидат превезувани со автобусот на Општина Велес“ - кажаа од локалната власт.

Автобусот поаѓа секој ден во 10:00 часот од автобуската постојка „Багремче“ во населба „Тунел“, потоа се движи до  постојка трговски центар, постојка спроти маркет „Жито“ на улица „Благој Ѓорев“, постојка спроти Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, постојка „Сармаале“ -кај јаворот,  на улица „8 Септември“, постојка „Центар“  НА-МА, постојка населба „Речани“, Брод „Панини“ езеро „Младост“.

Враќањето од езеро „Младост“ е секој ден во 18:00 часот од паркингот кај бродот „Панини“, Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.

Ваков автобуски превоз до езеро и назад постеше се до 2003-та година и тоа со повеќе линии во текот на денот, а го организираше тогашен „Транс-Велес“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »