речник контакт

Од есен 40 првачиња помалку во клупите

Запишани се 514 прво одделенци, најмногу недостигаат во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и ОУ Благој Кирков

Петар Печков

Годинава од есен во училишните клупи ќе седнат за прв пат 514 првачиња. Споредбено со годинава која штотуку заврши тоа се 40 помалку, или лани тргнаа 554 ученици во прво одделение.

Најголемо отстапување има во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот каде се запишани 38 наспроти ланските 63. Осетно намалување има и во ОУ Благој Кирков каде се запишани 28 прво одделенци а лани биле 47.  Зголемување има во Блаже Конески каде се запишани 133 а лани имало 125. Повеќе првачиња има и во ОУ Васил Главинов 210 лани биле 2019 и во ОУ Стојан Стојчевски Буридан во Иванковци има 11 првачиња лани биле 8. 

Податоците се поразителни. Бројот на запишани првачиња континуирано се судруваме со пад на прво одделенци, од есен има  7,78 отсто. Заради претседателските избори постапката за спојување на двете училишта Џинот и Благој Кирков, во едно беше во мирување, но посочените бројки покажуваат дек мора да продолжиме. Документите се испратени до Владата и очекуваме одлуката да биде донесена     - кажа градоначалникот Коцевски.

Во ОУ Св. Кирил и Методиј од есен ќе учат 74 првачиња а лани имало 79, во ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари има 21 прваче а лани се запишале 23.  Уписот на прво одделенците заврши на 31 мај, но доколку се ајви бил кое дете до 1-ви септември во некое од училишта тоа ќе биде запишано. 

фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »