Петар Печков
Објавено: сабота, 21 април 2012
Со новиот конкурс за запишување на студенти на факултети во земјава за наставната 2012/13 година предвидено е во Велес да се отворат неколку нови а дел од постојните да паузираат.
Во утврдувањето на структурата на слободните места кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, внимание е посветено на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во земјава, струки кои според анализите ќе претставуваат занимања кои ќе
бидат актуелни и барани во иднина.
Со конкурсот од есен во Велес ќе има во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје:
Дисперзирани студии на Машинскиот факултет по индустриско инженерство и менаџмент сто студенти, од кои 60 се редовни од државна квота и по 20 кофинансирање и 20 вонредни.
Дисперзирани студии по сметководство и ревизија при Економски факултет со сто студенти, 60 редовни во државна квота и по 20 со кофинансирање и 20 вонредни.
Во рамките на ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА има две дисперзирани студии по преработка на земјоделски производи - модул енологија и дисперзирани студии по преработка на земјоделски производи – модул лозарство. И во двете насоки ќе има по 100 слободни места 60 за редовни во државна квота, и по 20 со кофинансирање и 20 вонредни.
На Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола предвидени се следните нови насоки
Техничкиот факултет студиска програма за информатика и компјутерска техника со 120 студенти, 65 редовни, 45 со кофинансирање и 10 вонредни.
ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ од Велес ќе запише 170 студенти во две насоки. 80 студенти во Студиска програма за прехранбена технологија и биотехнологија, 45 редовни, 25 со кофинансирање и 10 вонредни. Студиска програма нутриционизам предвидува упис на 90 студенти, 55 редовни, 25 со кофинансирање и 10 вонредни.
Од есен дисперзираните студии на право при Јустинијан Први се ставени во мирување. Во мирување се ставени и судиите по туризам, осигурување, хотелско-ресторантска насока, гастрономија,исхрана и диететика.
Tweet |