Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јули 2019
Објавен е конкурсот за запишување на студенти во прва година на Универзитети во земјава. Во Велес упис ќе има само на Универзитетот Св. Климент Охридски,, на Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес.
На оваа единствена високо образован институција во Велес има слободни 50 места, по 25 на прехранбена технологија и биотехнологија и 25 на нутриционизам. По 20 места на двете насоки се за редовните студенти со партиципација од 200 евра и по пет се за вонредни студенти со партиципација од 400 евра.
Пријавување на кандидатите во прв уписен рок е на 29-ти и 30-ти август, втор на 13-ти и 16-ти септември а третиот на 24- ти септември. Академската година од лани повторно започнува од 1-ви октомври.
Tweet |