речник контакт

Од есен во Првата ракометна лига, две екипи од Велес

ГРК Борец ги продолжува натпреварите како РК Борец 1950 а нов член е РК Бисинов фруит ленд

Петар Печков

Во новата натпреварувачка сезона на Првата лига во ракомет ќе се натпреваруваат две екипи од Велес. Покрај досегашниот член РК Борец  нов прволигаш е и РК Бисинов Фрут  ленд.

Во Ракометната федерација е извршена ждрепка и познати се составите на двете групи „А“ и “Б“.  Две велешки екипи се во различни групи, и во првата фаза нема да настапат меѓусебно.

Новиот член РК Бисинов Фруит ленд е во групата „А“ заедно со РК Работнички -Скопје, РК Младост Богданци, РК Македонија ЃП, РК Овче Поле - Свети Николе, РК Мултиесенс - Скопје, РК Шампиони - Скопје, РК Кичево, РК Јехона - Гостивар и РК Текстилец - Штип. Во првото коло од есенската полу етапа на 10.11 септември РК Бисинов игра дома со РК Текстилец.

Вториот прволигаш РК Борец под ново име МРК Борец 1950,  е во група „Б“ каде ќе игра со екипите на РК Риниа - Скопје, РК Драчево, РК Преспа, РК Партизан - Гевгелија, РК Металург РА- Скопје, РК Ангели - Волково, РК Голден арт КЛ& Скопје, РК Астраин - Струмица и РК Аердором Скопје. Во првото коло од есенската полу етапа на 10.11 септември МРК Борец  игра дома со РК Преспа.

Прво пласираните пет екипи од двете групи ги продолжуваат натпреварите за разигрување за пласман во Супер лига а послабо пласираните екипи од двете групи од 6 до 10-то место разигруваат за опстанок. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »