речник контакт

Од играчка до плачка, за основци од Кавадарци

Деца од Кавадарци со фото монтажа на недолична содржина на приватни фотографии од соученички, ги навредувале и исмејувале. ОЈО Кавадарци поведе постапка против учениците

Петар Печков

 Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

Случајот во ОВР Кавадарци беше пријавен на 13 октомври лани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »