речник контакт

Од кандидатите за градоначалник и членовите на Советот, побарано унапредување на помошта и поддршката на жените жртви на семејно насилство

Потребно е да се донесе Правилник за финансиска поддршка на жени жртви на семејно насилство во кој ќе биде опфатено поддржано домување и индивидуална финансиска помош на жртвите на семејно насилство

Петар Печков

Организација на жени на Велес, одржа работни средби со кандидатите на градоначалници и советници во Општина Велес. Темата била животот на жените  жртви на семејното насилство. Ако на останатите настани, кандидатите говорат, на овој слушале и тоа за  препораките за унапредување на помошта и поддршката за жени жртви на семејно насилство.

„Бројот на жртви на семејно насилство е зголемен на локално ниво. Жените независно дали се вработени или невработени лица сепак се одлучуваат да го напуштат партнерот. По исцрпување на временските рокови за престој во Центарот за жртви на семејно насилство, потребна е поддршка и помош на жртвите за ресоцијализација и интегрирање во заедницата, вклучување во општествениот живот. Жените жртви на семејно насилство да се информираат за можноста добивање на финансиски средства од Општина Велес. Да се препознаат жените жртви на семејно насилство во програмата за социјална заштита на Општина Велес вклучувајќи ги нивните специфични потреби со поголеми финансиски средства. Неопходно е да се овозможат субвенции за доаѓање до сопствен дом, како и зголемување на мерки за вработување на жените жртви на семејно насилство, преку преквалификација, субвенционирани мерки за приватни фирми за оваа ранлива група “ - соопштија од Организацијата на жените од Велес. 

Овие средби биле дел од проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка, а спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

На кандидатите за градоначалник и членови на Советот, им биле презентирани препораките. Меѓу нив се : Неопходно е да има локален фонд за финансиска поддршка на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина и се во социјален ризик; Единиците на локална самоуправа да се задолжат да водат база на податоци и евиденција за сите социјално ранливи категории кои живеат во нивната општина меѓу кои и посебно да ги евидентираат жени жртви на насилство и семејно насилство; Континуирано информирање на жените жртви за користење на мерки за вработување и нивно искористување; Решавање на станбено прашање за жени жртви на семејно насилство.

Жените жртви на семејното насилство имаат потреба од поддршка со цел да се вклучат во општествениот  живот. По исцрпување на временските рокови за престој во Центарот за жртви на семејно насилство, потребна е поддршка и помош на жртвите за ресоцијализација и интегрирање во заедницата, вклучување во општествениот живот.
Жените жртви на семејно насилство имаат потреба од помош и психолошко советување, да се воспостави советувалиште кој ќе ги исполни минималните стандарди за специјализирани сервиси.

Советувалиштето ќе има за цел помош и поддршка на жртвите кои сакаат да го напуштат сторителот, како и помош и поддршка во процесот на реинтеграција и започнување на нов живот без насилство
Жените жртви на семејно насилство имаат потреба од обезбедување на бесплатна правна помош.

Жените жртви на семејно насилство имаа потреба од сместување, домување на жената жртва на семејно насилство и нејзините деца

Жените жртви имаат потреба од обезбедување на дополнителни обуки за нивно усовршување и професионална ориентација

Неопходно е развивање на мерки, активности за вработување на жртвите на семејно насилство и нивно вработување како целна група жени, жртви на семејно насилство

Неопходно е да се информираат жените жртви на семејно насилство за постоење  на еднократна финансиска поддршка од Општина Велес

Финансиската помош за жените жртви  да биде загарантирана.

За решавање на проблемите на жртвите на семејнонасилство, било побарано локалната самоуправа согласно законските обврски во годишните програми за социјална заштита да предвиди буџет за финансиска поддршка на жени жртви на семејно насилство. За таа цел потребно е да се донесе Правилник за финансиска поддршка на жени жртви на семејно насилство  во кој ќе биде опфатено поддржано домување и индивидуална финансиска помош на жртвите на семејно насилство кој ќе се доделува според одредени критериуми.

Се побарало Општина Велес да  усвои програмата за реинтеграција на жените жртви на семејно насилство

Од страна на сите присутни на работните средби се констатирало  дека проблематиката, жени жртви  на семејно насилство е тема која и  кандидатите на Градоначалници, така и кандидатите за  советнички на листите на советници ја поддржуваат.

Моделот за реинтеграција и рехабилитација опфаќа: домување, психолошка поддршка и советување, финансиска помош, јавно образование и обука како и помош при вработување со индивидуален пристап за секоја жена жртва, како и предложување на мерки согласно нејзините индивидуални потреби и можности.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »