речник контакт

Од куќа во Оризари украденo злато

Влегол преку прозор, однел златни предмети вредни 600 илјади денари

Петар Печков

Во петокот ноќта кон утрото во велешко Горно Оризари  крадец украл злато вредно 10 илјади евра. Според МВР  делото е сторено  во периодот од  1 по полноќ  до 08.15 часот, кога сопственикот ја констатирал дека му е украдено златото.  

непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Н.М.(80). Сторителот во наведениот период, со дрвена скала која ја нашол во дворот и ја поставил под прозорецот на задната страна од првиот кат на куќата, се качил  и го отворил не затворениот ПВЦ-прозор, влегол внатре и со употреба на сила  и подесен алат го отворил заклученото бифе од комодата, каде од картонска кутија одзел златен накит, по што го напуштил лице местото - изјавија од МВР 

Причинета е материјална штета од околу 600.000 денари. Увид извршила екипа од СВР-Велес. Додаваат дека  преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »