Петар Печков
Објавено: петок, 04 јули 2014
Иако неодамна стана полнолетна и наполни 18 години, тетовчанката Ангела Сибиновска стана војник на АРМ. Со тоа и се исполнува сонот да биде бранител но и надежта дека по отслужувањето на воениот рок, ќе може да продолжи на Воената академија. Таа за кратко по завршувањето на средното училиште, училишните клупи ги замени со пушката и војничкиот кревет.
Сакав во пракса да докажам дека мажите и жените можат да бидат рамноправни. Еве овие две седмици можам тоа и да го почувствувам. По завршувањето сакам да се запишам на Воена академија и затоа се одлучив прво да бидам војник – вели Ангела Сибиновска.
По само еден месец од матурската вечер, таа е дел од АРМ. Со нејзе се и други 144 војници од кои 11 се женски. Вообичаено во летниот период бројката на доброволци опаѓа, оти помалку од младите сакаат летото и летните задоволства да ги заменат со војничкиот живот и касарна. Но некои сепак се решија наместо плажа, капење и лудување, да ги заменат со будење во 6, легнување во 22 часот, со војнички грав и војнички режим на живот.
Сакам да и се оддолжам на татковината, да бидам користен во нејзината одбрана. Да бидам со граѓаните и да ги бранам. Тоа што го очекував и ми се исполнува, затоа сум задоволен и среќен – рече Мартин Јованов oд Скопје студент на Факултетот за безбедност.
Тој својата иднина ја гледа во АРМ за да еден ден биде и старешина на нови млади војници. Во велешката касарна 23-тата генерација ан доброволци , која брои 145 лица, ја положи свечената заклетва. Нив овој чин им о честиташе државниот секретар Сашко Стефановски, кој потсети дека од неодамна е конечно решено прашањето на статусот на професионалните војници.
Пред неколку месеци, со новите измени на Законот за служба во АРМ го решивме трајно статусот на професионалните војници. Сите кои имаат 45 години,м добиваат вработување во некоја од државните институции. Ова е силен мотив да и вие, новите доброволци посветено работите на обуката, па да се пријавите на еден од огласите за прием на професионални војници – порача Стефановски.
Tweet |