Петар Печков
Објавено: недела, 08 јануари 2012
Дрпава Еѓупка пред цара стои. – Мазник
На грамада седеше живо месо тегнеше. -Дете со цицка.
Ни у живите жиф, ни у умрените умрен.- Болен човек или што страда од немање.
Копам дупка до колена. – Чизми.
Кусо прасе по рит пасе. – Брич.
Сив гулап по рит пасит. – Брич.
Вујче вујна гудичкаше, вујна му се кркотеше. – Карта кога пие некој вино.
Црно малечко – цара покрева. –Б’а.
Прет куќи грат врне, зат куќи снек врне. – Вител и бубаќ со семките.
Два орла се боијеа, бели пени пуштаа. – Камење воденичарски и брашно.
Д’лк Тодор бес коски. – Дим.
Црвен пес пешчера лежи. – Јазик.
Четири сестри се бркаа и не можеа да се стасаат. Елемија
Елемија, чекрк и цевки.
Свалкан татко дудулеста мајка, шупливи деца. – Елемија, чекрк и цефки.
Tweet |