речник контакт

Од недела воведен полициски час од 21 до 6 часот

Со полицискиот час не се опфатени здравствените работници кои се работно ангажирни, припадниците на МВР, на АРМ, на противпожарните единици, лицата од комунална хигиена кои се на работа

Петар Печков

Владата воведе ограничување на движењето, полициски час. Започнува од утре, недела, во периодот од 21 до 6 часот Ова го кажа во вонредното обраќање премиерот Оливер  Спасовски, што за првпат се носи во земјата и е најрадикална мерка со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Нема компромис кога е здравје на граѓаните во прашање. Веќе ништо не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и во целиот свет. Таа ситуација бара радикално менување на нашето секојдневие", рече Спасовски. Тој им порача на граѓаните дека секој треба да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација.

„Секој граѓанин е повикан да биде дел од заедничката битка и сите мора да се однесуваме и вонредно и најодговорно", порача Спасовски.

Забрана за движење на населението од 21 до 06 часот. Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, оние што се во  животнозагрижувачка сосотојба, како и лица за дијализа.  

Директорите на јавните здравствени установи ќе изготват список на вработени кои ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дитрибуираат до Министерството за здравство за да се изготват специјални пропусници.  Со полицискиот час не се опфатени припадниците на МВР, на Армијата, на противпожарните единици, лицата од комунална хигиена кои се на работа.

Исто така се ограничува бројот на дежурни аптеки во време на полицискиот час во целата држава, а во нив пристап ќе имаат само лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа.

Такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила само за кон болничка установа или аптека, а возачите да бидат заштитени со маска и ракавици.

Меѓуградскиот и јавниот превоз да го ограничат превозот на патници на половина со растојание од 2 метри меѓу нив и исклучиво со носење заштитна маска и ракавици.

24 часа на ден се забранува групирање на повеќе од пет лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »