речник контакт

Од недела наутро, зимско сметање на времето

Зимското сметање на времето оваа година ќе почне на недела наутро, 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад.

Петар Печков

Зимското сметање на времето оваа година ќе почне на  недела наутро, 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 19 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнително ќе придонесе за тоа.  Оваа сабота  ќе спиеме еден час подолго.

Преминот од летно кон зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија, првпат го воведува летното сметање на времето.

Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 1970 години од минатиот век.

Во Европа во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од март, точно во еден часот наутро според универзално време, односно во два часот според средноевропско време. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Исланд е единствената европска земја што не го воведе зимското и летното сметање на времето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »