Петар Печков
Објавено: четврток, 25 септември 2025
Дојде крајот на возење тротинети со слушалки во уши или поминување на пешачки со телефон на уво.
Законот е објавен во Службен весник и од петок, 26-ти септември ќе почнат да се применуваат построги одредби за учесниците во сообраќај. Учесниците кои вниманието им е посветено на електронските уреди, наместо на возење, ќе бидат казнувани.
Преминување пешачки со употреба на мобилен ќе се казнува со 40 евра, а за возачите на тротинети, трактори, мотори кои и возат и користат електронски уреди казната е 50 евра.
| Tweet |




