речник контакт

Од петок 5 јануари улицата „Архиепископ Михаил“ е еднонасочна

И тоа во правец од центар Сармаале кон јаворот кај Градскиот саат

Петар Печков

Општина Велес информира  дека од 5 јануари, петок,  започнува да функционира  еднонасочен сообраќај на улицата „Архиепископ Михаил“, поранешен „Владимир Назор“. И тоа во правец од центар Сармаале кон јаворот кај Градскиот саат.  

„Оваа новина произлегува од потребата за унапредување на севкупното ниво на услуга на постојните улици и тоа на дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Љубев Весов“ во Велес согласно на законската регулатива и согласно на потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот“ - соопштија од локалната власт.

Покрај улиците кои се предмет на воведување на еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците, Коле Неделковски и 8-ми Септември, како и улица Браќа Поп Јорданови која претставува конекција помеѓу улиците „Архиепископ Михаил“ и „Љубен Весов“.

„Основна цел со реализацијата на овој проект е унапредување на континуираното управување со еднонасочните сообраќајници во градот, замена и подобрување на истрошената, недоволна и застарена сигнализација, како и подигнување на стандардите за непречен пристап кон постојните и/или планирани и идни објекти, а со почитување на потребите за мобилност и со следење на затекнатата состојба и природните ограничувања“ - додаваат од Општина Велес..

Ги замолуваат  возачите да се држат до поставената сообраќајна сигнализација за безбедно одвивање на сообраќајот. Оваа новина произлегува од проектот кој со средства од ЕУ се реализира во централното градско подрачје. Со него се уредија двата кружни така, едниот кај споменикот на Коњаникот, и вториот новоформиран кај јаворите на Сармаале.

Потоа улицата Гоце Делчев и Страшо Пинџур треба да бидат двонасочни а главната улица 8 септември од Сармаале до центар да биде шеталиште, без сообраќај. До тоа што во термините кога минуваат автобусите кои превезуваат работници во термините од 6 до 7 наутро од 13 до 14 напладне и од 21 до 22 часот навечер, со посебно уредена сигнализација, треба истите да се пропуштаат по улица 8 септември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »