Петар Печков
Објавено: недела, 01 август 2021
Жител на село Иванковци се здобил со тешки повреди откако паднал од трактот. Упасен велешанец на граница со Албанија оти го барале во Слвовенија заради кражба, друг велешанец фатен како украл паричник.
„На 31.07.2021 во 17.30 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес бил донесен Д.А.(43) од село Иванковци, кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од трактор“.
Од страна на полициски службеници од СВР Велес било излезено на лице место.
„На 1-ви август, околу 10.15 часот од страна на полициски од СВР Велес е лишен од слобода В.Ѓ.(42) од Велес, постапувајќи по пријава од П.П.(87) од Велес, според која во 9. часот на ул.„Цветан Арсов“ од едно лице му бил одземен паричник со пари и лични документи“.
По преземени мерки и активности сторителот бил откриен од страна на полицијата и приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено криично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
„Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на континуираната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез на територијата на Република Албанија, го уапсија П.Л.(38) жител на Велес. Верификацијата покажа дека словенечките судски органи издале меѓународна потерница по ова лице за сторено кривично дело „кражба"- стои во полициското соопштение.
Албанските власти ја спроведуваат потребната постапка за негова екстрадиција во Словенија.
Tweet |