Петар Печков
Објавено: среда, 29 август 2018
Според информациите добиени од директорите на велешките основни и средни училишта, распоредот за почетокот на учебната 2018/19 година е следен:
ОУ Блаже Конески - прво, второ, трето, четврто, 5-1,5-2, шесто и осмо одделение од 7,30 ч
попладне од 13 ч - 5-3, 5-4, 5-5, седмо и деветто одделение
ОУ Васил Главинов второ, четврто, шесто и осмо одделение како и прво од 7,30 ч
попладне од 13ч. трето, петто, седмо и деветто одделение.
Во подрачното училиште во село Бузалково каде настава посетуваат 400 деца од 7 ч. се учениците од шесто до деветто одделение а од 13ч. се учениците од прво до петто одделение.
Учениците од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и ОУ Благој Кирков, дополнително ќе бидат информирани за почетокот на наставата.
ОУ Свети Кирил и Методиј сите од 8ч.
ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари сите од 8 ч.
ОУ Стојан Стојчевски Буридан од Иванковци од прво до петто од 7,30 од шесто до деветто одделение од 13ч.
Гимназија Кочо Рацин од 7,30ч
Економска ,,Јовче Тесличков,, од 7,30
Коле Неделковски прва и трета од 7,30ч
втора и четврта од 13,30ч
Хемиска ,,Димитрие Чупоски,, од 13,30 ч.
Tweet |