Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2020
Вчеравечер околу 22 часот почина Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, објавија од фамилијата.
Тој бил позитивен на ковид-19 и починал поради настанати проблеми предизвикани од корна вирусот. Се лекувал на Инфективна клиника во Скопје.
Претходно беше хоспитализиран на Инфективно одделение од велешката болница, од каде на 14-ти октомври е префрлен на лекување во Скопје.
Тој беше началник на СВР Велес во периодот на техничката Влада, во првата половина на годината.
Ангеловски е 27-ма жртва на ковид-19 во велешко, единесетти за седум дена од Велес.
Tweet |