Петар Печков
Објавено: петок, 04 мај 2018
Екипите на ЈКП Дервен две дена ги чистеа локациите каде велешани и други гости го минаа празникот Први мај. Се чистеше на езеро Малдост, патеките и летниковците во околината, како и по долна Бабуна. Од ЈКП Дервен велат дека годинава велешани покажале висока еколошка свест.
Оставен беше смет кој вработените два дена го чистеа при што беа собрани 10 метри кубни. Ова е далеку помалку отколку претходните години - изјавија од ЈКП Дервен.
Пластика и хартија беше најголемиот дел од сметот кој беше собран. Останува само дилемата дали имаше помалку посетители или пак посетителите не оставија многу смет по јавните површини.
Tweet |