Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јули 2019
Од сабота, 13 јули, започнува со работа базенот ,,Summer mood,,. Капењето е во термин од 9 часот до 19ч. Цената на билетот за капење е 70 денари. Вечерта за отворањето на годинешната сезона најавен е концерт на Ана Кокиќ.
Закупецот на базенот, кој го доби името ,,Летни задоволства,, најавува дека до крајот на сезоната ќе се одржуваат концерти на познати музички имиња од земјава и странство, кога навечер објектот ќе работи.
Во меѓувреме отстранети се сите недостатоци кои беа констатирани, и на кои се работеше три седмици. Градскиот базен го доби фирмата ПН-МП од Велес со месечна кирија од илјада евра плус ДДВ.
Во прилог на ова вест, и фотографии каква беше состојбата претходно и каква е сега на дел од инсталациите во објектот.
Tweet |