Петар Печков
Објавено: четврток, 29 јули 2021
Од семејство од село Кочилари, деновиве, украдено големо количество пари- девизи и злато. Крадци ја испростиле отсутноста на фамилијата, кога била на одмор и домот бил празен. Но точно знаеле каде се наоѓаат парите и златото, кои ги одзеле.
„На 26.ти јули годинава. Р.Р. од село Кочилари, во Полициската станица Велес пријавил дека е извршена кражба од куќа во селоти, сопственост на А.Д.(62 год) во село Кочилари, при што се украдени пари и златен накит“ - соопшти Верољуб додевски, порпарол на СВР Велес.
Покицијата извршила увид на местото на настанот и најавуваат дека работат на расчистување на случајот.
Tweet |