Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2022
Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објави дека официјалниот старт на пливачката сезона за сите посетители започнува на 13 јули 2022 година (среда) во 9 часот.
Објектот каде се рекреираат велешани летово ќе работи секој ден од 9.00 до 19 часот.
„Цените за дневна влезница е 60 денари, истата се добива при влез на градски базен Цените за триесет дневен билет е 1.200 денари и за сезонски билет 1.800 денари, истите се добиваат во спортската сала „Гемиџии“ секој работен ден од 8.00 до 15 часот. За деца до 5 годишна возраст е влезот е бесплатен„ - соопштија од ЈП ПСП
Оваа сезона покрај пливањето посетителите ќе користат бесплатни рекреативни активности за пинг – понг, баскет и мал фудбал.
Tweet |