Петар Печков
Објавено: вторник, 26 ноември 2013
Машиновозачите од МЖ Транспорт а.д. Скопје од среда со почеток во седум часот стапуваат во штрајк. Штрајкот е со одлука на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) на ова претпријатие, а машиновозачите бараат враќање на старите работни позиции, исплата на платите до 25-ти во месецот, како и внесување на методологодијата за пресметка на плата како кај МЖ Инфраструктура во Колективниот договор.
Во тек на штрајкот согласно Законот за железнички систем, ќе сообраќаат меѓународните експресни возови, како и по еден воз на сите домашни релации. Патниците од Велес кон Скопје ќе добијат услуга на возовите во 6.07, 7,45, 11,48, 15,21, 18,46 и 21,33. Од Скопје кон Велес во 4.00, 6.05 (за Гевгелија) , 6.40 (за Битола) , 9.00 ( за Гевгелија) , 14.30 ( за Битола) , 15.20 ( за Кочани)
Во известувањето испратено и до Владата се наведува дека раководството на МЖ Транспорт направило кадровски промени кои довеле до општо незадоволство кај машиновозачите. Известувањето е испратено и до министерствата за транспорт и за труд и социјална политика и до МЖ Транспорт а.д. Скопје.
По најавата за штрајк од страна на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија МЖ Транспорт а.д. Скопје попладнево соопшти дека утре железничкиот сообраќај ќе се одвива нормално.
Како компанија сакаме да ги известиме корисниците на нашите услуги дека сообраќајот ќе се одвива нормално и затоа ги преземавме сите потребни мерки со напомена дека претходната информација е од дел од машинскиот персонал кој не е репрезентативен и не може да одлучува во име на сите 1.270 вработени во нашата компанија, се вели во соопштението од прес-центарот на МЖ Транспорт а.д. Скопје.
Tweet |