речник контакт

Од средината на мај и во Велес пункт за масовна вакцинација од ковид-19

Министерот Филипче најави дека тоа ќе се случува во спортска сала

Петар Печков

И Велес ќе добие пункт за масовна вакцинација. Ова го кажа  Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, кога најави дека во земјава пристигнале 200 илјади кинески вакцини за заштита од ковид-19.

„Освен овие шест града, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово,  за Велес и за Прилеп во втората половина на мај ќе се отворат пунктови во спортски сали“ - рече  министерот Венко Филипче.
 
Ваквата можност, Велес да добие пункт за масовна вакцинација, минатата седмица ја најави пратеникот од Велес, Ненад Коциќ, по реакциите во јавноста,  дека велешани ќе треба да патуваат за Кавадарци за да се вакцинираат.

Неофицијалниот датум кога се најавува дека би можел пунктот да започне со работа е 15 -ти мај, доколку локалната власт и здравствените работници од градот,  успеат да се организираат.
 
Министерот Филипче дополни дека продолжуваат со работа  пунктовите за вакцинација,  во здравствените домови, согласно распоредот којшто е веќе даден за највозрасната група  граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »