Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 јули 2012
Во петокот претпладне во времето од 10,00 до 14,00 часот, во Велес на ул.„Андон Шурков“ во станот сопственост на М.С. (31), извршена е тешка кражба при што се одземени 2.000 евра и златен накит се во вкупна вредност од околу 150.000 денари.
Според СВР Велес тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со подесен клуч ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и од спалната соба ги одзел парите и златото. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Tweet |