Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2015
Во периодот помеѓу петокот и саботата, од стан на велешанец украдени се злато и пиштол, информираа од МВ.
Според писменото соопштение настанот се случил во точно неопределен термин кога ул. „Димитар Влахов“ со насилно отворање на балконска врата од страна на непознат сторител, извршена е тешка кражба.
Стан бил сопственост на А.В(57), при што одземен е разновиден златен накит, како и пиштол марка „Застава М 88“ и куршуми за истиот. Полицијата не ја прецизира вредноста на украдените предмети. СВР-Велес презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |