Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 јуни 2019
Саботата кон неделата, после полноќ, велешките сообраќајци спровеле акција, контролирале колкумина од возачите возат под дејство на алкохол. Во Велес од сто возачи, секој тринесети бил со повеќе промили од дозволените
На 16.06.2019 година од полноќ до 5 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи дали управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, од контролираните 117 возач биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес од контролираните 61 возач осум прекршоци, во Кавадарци од контролираните 16 возачи пет прекершоци и во Неготино од контролираните 40 возачи 12 прекршоци - пишува во информацијата на СВР Велес.
Tweet |