речник контакт

Од утре, петок, делумна забрана за движење во шуми, казните се од 1.500 до 2.000 евра

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми", Шумската полиција и МВР

Петар Печков

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми" – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6 до 20 часот.

Забраната стапува во сила од петок 24 јуни и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

„Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување“, се наведува во соопштението на „Национални шуми".

Оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за вработени во Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми", субјектите што вршат шумско-стопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми" – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат. За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми" кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »