речник контакт

Од утре, четврток, полицискиот час со намалено времетраење и преку ден и преку викенд

Се зголемува терминот кога возрасните над 67 и лицата до 18 години можат да се движат

Петар Печков

Од утре, четврток  се намалува времетраењето на полицискиот час и наместо од 16 часот, забраната за движење ќе почнува од 19 и ќе трае до 5 часот наутро.

На денешната владина седница донесена е одлука полицискиот час во викендите да почнува од 15 часот во сабота и да трае до 5 часот наутро во понеделник.

За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 напладне. Младите до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот. Во сабота за лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот, а за лицата до 18 година од 12 до 15 часот -пишува во соопштението на Владата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »