Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2020
Во текот на петокот попладнето или вечерта, по затворањето на црквата Св. Пантелејмон, извршена била кражба. Непознат сторител откако ја скршил споредната врата, влегол низ нeа и одзел пари и свеќи. За кражбата полицијата била известена вчера, кога клисарите дошле во црквата. Во информацијата на МВР нема колку е материјалната штета од овој чин.
На 4-ти април во СВР Велес било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата “Св. Пантелејмон“ во Велес. Имено сторителот насилно ја отворил споредната врата, по што одзел пари и свеќи - пишува во полицискиот билтен на МВР.
Полицијата најавува дека се работи на расчистување на случајот.
Tweet |