Петар Печков
Објавено: петок, 16 август 2019
Во Велешката касарна Алексо Демниевски Бауман беше одбележан 18 август Денот на АРСМ. Војниците, војните лица, вработените во армијата го одбележаа 27-от роденден. Пред гостите и припадниците на АРСМ се обрати полковник Љубенчо Петровски, командант на Командата за обука во велешката касарна (КОД).
За една армија покрај опремата и структурата, од голема важност е и обученоста на персоналот. Затоа посебно место има Командата за обука и доктрини, затоа им упатувам посебна благодарност за посветеноста во извршувањето на должностите о успешноста на поставените задачи -порача полковник Петровски. Беа наградени и унапредени војници, војни лица и вработени во АРСМ.
На 18 август 194та година, на Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско- преспанскиот одред „Даме Груев“, од Велешкиот одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“. Тоа е првата организирана воена формација на Народно Ослободителната војна на Македонија и овој ден е роденден на АРСМ.
Tweet |