Петар Печков
Објавено: сабота, 30 март 2019
Некогашните акцијаши, повторно во акција. Денес, сабота работно го одбележаа 1-ви април, Денот на доброволното младинско ангажирање. Бригадата која е именувана ,,Кочо Рацин,, работеше кај Железен мост, од десната страна.
Поддршка на поранешните акцијаши, кои пак се активираа им дадоа од Гимназијата ,,Кочо Рацин,, и од ЈКП Дервен. Симболично беа поврзани членовите на работната бригада и претставниците на Гимназијата, поради тоа што го носат името на великанот Кочо Рацин.
Во акција учествуваа 60-тина волонтери но и ученици кои дадоа личен пример на своите сограѓани за одговорен однос кон животната средина.
Во рамките на здружението "Акцијаш ветерани" кое е основано од поранешните бригадири и учесници на младински работни акции минатата година, активно делува и првата доброволна работна бригада во Велес.
Tweet |