речник контакт

Одбележан 25 октомври – Европски ден на граѓанската правда, учениците делеа правда

Денес во Основен суд Велес беше отворен ден за граѓаните

Петар Печков

Со посета на ученици од Гимназијата ,,Кочо Рацин,, и Економското училиште ,,Јовче Телсичков,,  на Основен суд Велес,  беше одбележан  Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.Во текот на отворениот ден судот учениците беа примени од  Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.

На средбата учениците имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата и работата на судот, со неговата функција и надлежност во остварувањето на основните граѓански слободи и права, како и со начинот на кој судот ја остварува својата основна мисија – владеење на правото и ефикасна правда која е подеднакво достапна на сите граѓани - пишува во писменото соопштение на Основен суд Велес.  

На учениците им било овозможено да присуствуваат на судење во кривична и граѓанска постапка, како и самите да земат учество во улога на судија, судии -поротници и адвокати во симулација на судење од областа на Слободата на изразувањето како основно граѓанско право гарантирано со Европската конвенција за човекови права. Денес  беше  отворен ден за граѓаните за посета на Основен суд Велес. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »