Петар Печков
Објавено: среда, 09 август 2017
Со празнична Архиерејска Божествена Литургија одржана во храмот Св. Пантелејмон, денес се одбележа верскиот празник на Велес. Св. Пантелејмон е светец заштитник на градот и во негова чест, неговото Блаженство Господин господин Стефан Поглавар на МПЦ –ОА, заедно со Митрополит Повардарски Агатангел – Владика на Повардарската Епархија, Митрополитот Иларион и свештеници од Македонската Православна црква во соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ одржаа Архиерејска Божествена Литургија.
Вчеравечер, вторникот попладне во дворот на црквата со пригодна уметничка програма и вечерна богослужба исто така се празнуваше Св. Пантелејмон. На оваа свеченост говореше Владиката Агатангел и заменикот градоначалник на Општина Велес Петре Саздов.
Осма година по ред се чествува Св. Пантелејмон како заштитник на градот. Се смета дека тој ги штител велешани од болести и го спасил населението од епидемии кои се појавиле во Велес.
Tweet |