Петар Печков
Објавено: недела, 09 август 2015
Со Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештенството од Епархијата, се обележа денот на кој православниот свет го чествува Св. Вмч. Пантелејмон.
Со Празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата, а во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес.
Во уметничкиот дел на програмата на присутните граѓани имаа можност да уживаат во настапот на камерниот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ и драмската игра „1840 – почетокот“.
Tweet |