Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 мај 2022
Општинската организација нa Црвен крст Велес попладнево во Младинскиот парк го одбележува 8-ми мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина. Воедно започнува и Неделата на Црвен крст, под мотото “Биди човечен”.
„Организиран е настан преку кои волонтерите ја промовираат својата работа во организација Имаме убава попладневна дружба и забава. “- вели Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
На настанот настапи долгогодишен волонтер Андреј Ковиловски со неговата група Блинг бенд, како и најмали дечиња од градинките од Велес.
Настанот се одбележува ден подоцна, оти во текот на вчерашниот ден претставниците на ОО Црвен крст Велес биле ангажирани за одбележувањето во Скопје, кое било на републичко ниво.
Tweet |