Петар Печков
Објавено: вторник, 04 април 2017
Светскиот ден на бездомните животни, го одбележаа и велешките активисти од здружението ,,Гласот на животните,, .
Во Младинскиот парк, со домашно подготвена солена и блага храна, истата таа ја нудеа за продажба. Се продаваше и домашно цвеќе.
Собраните средства се наменети за стерилизација и за кастрација на уличните кучиња.
За забава имаше и музика во живо, што говори за сериозниот пристап на членовите за одбележувае на нивниот ден.
Здружението ,,Гласот на животните,, во нивниот простор кај зоната Узус имаат згрижено 80 бездомни кучиња и 10 мачки за кои секојдневно се грижат, обезбедуваат храна, ги лекуваат. Како ли градот би изгледал кога овие животни би се нашле повторно на улица?
Tweet |